ВЕСТИСВЕТ

Либералот Трасковски и десничарот Навроцки во тесна трка по првиот круг од претседателските избори во Полска

Проевропскиот центрист и градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски и историчарот Карол Навроцки, поддржани од популистичката десница, обезбедија по околу 30 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори во Полска, пишуваат светските медиуми.

Advertisements

Двајцата кандидати трката ќе ја продолжат во вториот круг што ќе се одржи за две недели.

„Гардијан“, повикувајќи се на излезна анкета на институтот Ипсос, објавена по завршувањето на гласањето вчера, пишува дека Трасковски, градоначалник на Варшава и кандидат од Граѓанската коалиција на премиерот Доналд Туск, освоил 30,8 отсто од гласовите во првиот круг. Зад него е Навроцки, кој е поддржан од партијата Право и правда (ПиС), со 29,1 отсто од гласовите.

Трасковски долго време беше фаворит за победа на изборите, но неговата предност пред Навроцки се намали во последните недели.

Официјалните резултати од првиот круг, во кој 13 кандидати се бореа за избор на претседател, се очекуваат денеска или утре.

Двајцата кандидати ќе се соочат еден против друг во вториот круг од гласањето на 1 јуни, при што од гласачите ќе се бара да одлучат помеѓу ветувањата на Трасковски за реформирање на судските институции и обнова на демократските институции и восхитот на Навроцки од Доналд Трамп, силната антимиграциска реторика и ветувањата за сузбивање на, како што вели, либерални вредности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button