ВЕСТИСВЕТ

Трамп денес ќе разговара со Путин за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна.

Трамп, кој вели дека сака да биде запаметен како миротворец, постојано повикува на прекин на „крвопролевањето“ во Украина, кое неговата администрација го прикажува како proxy војна меѓу САД и Русија.

Advertisements

Трамп, кој рече дека напредокот во прекинот на огнот е малку веројатен додека не се сретне тој со Путин, извести дека ќе разговара со Путин во понеделник во 16 часот. Кремљ соопшти дека подготовките за повикот се во тек.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button