ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд остана без еден судија

Уставниот суд остана без еден уставен судија, откако Управниот суд го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска од 2023 година како незаконски.

Advertisements

Судијката Дуковска е известител во предметот со кој ќе се оценува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците, како и за други актуелни предмети, меѓу кои и измените на Кривичниот законик со кои се намали казната за злоупотреба на службената должност. Со поништувањето на изборот на Дуковска како незаконски, оценката на Законот за јазиците ќе мора да почека, затоа што Уставниот суд веќе донесе одлука дека за тој закон мора да се одлучува во полн состав, со 9 уставни судии.

Управниот суд одлучувал по тужба од судијката Антоанета Димовска, која тогаш била еден од трите кандидати за избор на уставен судија Димовска сега е членка на Судскиот совет.

Според Управниот суд, со изборот на Димовска две институции постапиле противуставно, првата е Судскиот совет, преку ускратување на правото на еднаква можност на останатите кандидати, а втората е Собранието, кое со 64 гласа „за“ ја избра Дуковска за уставна судијка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button