МАКЕДОНИЈА
Филипче најави средба со Таравари оваа недела

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најави дека во текот на оваа недела ќе се сретне со Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, кој одлучи да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција.
Средбата првично беше најавена за претходната недела.
„Средбата со Арбен Таравари ја одложивме за оваа недела, така што овие денови ќе се сретнам со него“, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.