ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја критикуваше одлуката на владата да се задолжи за 6 милијарди евра преку комерцијални кредити од Обединетото кралство

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја критикуваше одлуката на владата да се задолжи за 6 милијарди евра преку комерцијални кредити од Обединетото кралство

Шест милијарди евра – а никој не знае точно за што. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска алармираше за молкот околу новите договори за заем со Обединетото Кралство. Тој додаде дека Владата е должна веднаш да излезе со повеќе информации, бидејќи, како што рече, „ваква рамка за волкава сума на пари досега нашата земја не потпишала со ниту една институција, со ниту една влада“.

Advertisements

„Станува збор за огромни суми на пари, камати кои што не знаеме колкави се, а кои ќе ги враќаат следните генерации. Огромна сума на пари, 6 милијарди евра, го надминува дури и нашиот буџет. Кое е потеклото на парите? Дали парите се британски и директно од британската влада или станува збор за фонд којшто е лоциран во Велика Британија, а располага со пари од некоја друга земја“, рече Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски пак не откри колкави ќе бидат каматните стапки и под кој услови ќе биде заемот, но вели дека договорот со Обединетото Кралство го гледа како чекор напред и сето ова може да донесе само добри работи за граѓаните.

„Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10 од Табановце до Гевгелија и втората група на проекти се практично во здравството и тоа е конечно завршување на клиничкиот центар во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом со 200 легла кои што се завршување на болницата во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово“, нагласи Христијан Мицкоски – премиер.

Во однос на заемот од Унгарија, Филипче рече дека сме можеле да го земеме со многу подобри услови и пониска каматна стапка./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button