ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на крушевското селото Норово излегоа на протест, бараат легализација на училишната зграда што ја изградиле сами

Жителите на крушевското селото Норово излегоа на протест, бараат легализација на училишната зграда што ја изградиле сами

Поради недостаток на основни услови за учење во старата зграда на приградското училиште „Никола Карев“ во село Норово, општина Крушево, каде што учат 145 ученици, жителите самоиницијативно изградија нова училишна зграда.

Advertisements

Жителите велат дека за време на изградбата, полицијата ги запрела градежните работи и донела одлука дека новата зграда ќе биде урната поради недостаток на градежна дозвола од институциите. Револтираните жители денес протестираа пред училишната зграда и побараа институциите да ја легализираат новата зграда и да ѝ дозволат да функционира како училиште.

Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, 90% од зградите во селата на оваа општина се без урбанистички план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде што учениците моментално посетуваат настава. Според него, од Владата ќе се бара да го легализира објектот што веќе е изграден, а потоа доколку инспекторатот одлучи дека ги исполнува условите, тој ќе функционира како училишен објект.

Според жителите на селото Норово, децата ќе ја бојкотираат наставата сè додека не се реши овој проблем./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button