ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за социјална политика ќе управува со градинките во Струга

Министерството за социјална политика ќе управува со градинките во Струга

До февруари 2026 година со градинките во Струга ќе управува Министерството за социјална политика, демографија и млади, откако на 19 февруари годинава на Рамиз Мерко му беа одземени ингеренциите над струшките градинки, поради непочитување на насоките кои претходно му биле дадени. Сепак најголем проблем со кој градинката со години се соочува е нерешениот статус на двaесеттина негувателки, воспитувачки и друг помошен персонал кои работат со Договор на дело и плата од само 10.000 денари, без пензиско и здравствено осигурување. И наместо целосно решение на проблемот, пари за сега ќе има за решавање на статусот само за пет од нив.

Advertisements

„Во врска со поднесените барања во Министерство за финансии за обезбедување финансиски средства за вработување на 5 лица на неопределено време на работно место – неговател во ЈОУДГ „8 март“ – Струга, за истите е добиено известување за обезбедени средства во буџетот за 2025 година и истото е доставено до градинката на нивно натамошно постапување односно реализирање на добиените согласности.Во однос на вработување на едно лице на работно место воспитувач, за истото, се уште, не е добиен одговор од Министерството за финансии“, велат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Се обидовме да разговараме со дел од персоналот, но безуспешно. Поради нерешениот статус тие со години се пријавуваа во Центарот за вработување како невработени, а во текот на месеците јануари, јули, август и септември, кога бројот на деца е помал, не одеа на работа.

„Без да сакаме да навлегуваме во односите меѓу министерството и општината, состојбата во струшките градинки е евидентна. Посветена сум на изнаоѓање на достоинствено решение“, рече Флореше Емуш-директорка на Детска градинка во Струга.
Градинката се соочува и со недостаток на простор, па листите на чекање се големи.

„Имаме недостиг на простор за што е свесно и министерството. Верувам дека вредно се работи, бидејки имаме список на деца кои чекаат да се запишат во јасли. Сигурно дека ќе биде потребно време да се решат и други недостатоци. Решавањето на недостигот од кадар овде ќе биде приоритет број еден“, додаде Флореше Емуш-директорка на Детска градинка во Струга.
Изминатите години, ниту еден министер не најде време да ја посети градинката, и директно од вработените да слушне за проблемите со кои се соочуваат./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button