КОШАРКАСПОРТ

Висока парична казна за МКК Куманово и 4 натпревари без публика

Екипата на МКК Куманово ќе плати висока парична казна и воедно добива суспензија за нападот на кошаркарот за време на мечот против МЗТ Скопје.

Advertisements

МКК Куманово ќе плати казна од 400.000 денари, олку висока санкција во мак-баскетот за еден инцидент не се памети, што доволно говори за строгоста на федерацијата за безбедноста на кошаркарите. Исто така, МКК Куманово ќе игра без публика и на следните четири домашни средби.

Во овој инцидент, навивачите беа особено разочарани од српскиот кошаркар Тадија Тадиќ, кој беше пресретнат од неколку домашни фанови. Тие прво вербално го нападнаа, а потоа следуваше вистински хаос на паркетот. Поголемиот дел од публиката влезе во теренот и ситуацијата ескалираше.

Полицијата и обезбедувањето имаа полни раце работа, но некако успеаја воспостават мир и Тадиќ се упати во соблекувалната, додека навивачите се вратија на трибините.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button