
Екипата на Алкалоид ќе има огромна помош на патот кон историскиот прв европски трофеј во клупската историја, откако ги распродаде сите билети за реванш-дуелот од финалето од Европската лига против АЕК, закажано за в недела во салата „Борис Трајковски“.
Ова значи полни трибини и вистински пекол за гостите од Грција, како и огромна дополнителна помош за момците предводени од Кирил Лазаров во обидот да ја задржат, па и зголема предноста обезбедена во првиот дуел во Атина (29-26).
Алкалоид во неделниот реванш ќе влезе со три гола позитива и со огромна шанса да ја донесе четвртата меѓународна круна на македонскиот ракомет, по двата европски трофеи на Вардар и едниот на Кометал Ѓорче Петров во женска конкуренција./Sport 1.mk/