Градоначалничката Арсовска, „ловеше“ дивоградби во Чаир

Додека Градот Скопјe и Општина Чаир продолжуваат да се судираат околу состојбата со отпадот, граѓаните се тие што страдаат од оваа создадена ситуација.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денес беше на терен како инспектор за да провери дали има нелегално градење во Чаир. Таа ги обвини првиот човек на општината Висар Гани и скопските советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН дека се виновни за состојбата со Комунална хигиена и јавниот превоз во Скопјe.
На Арсовска ѝ предложивме да одиме заедно да ја видиме состојбата со отпадот.
Додека Арсовска „вршеше инспекција“ на дивоградба на терен, ваква беше состојбата со отпадот и граѓаните кои веќе некое време се жалат на оваа состојба. Граѓаните се револтирани од градоначалничката Арсовска.
Според Висар Ганиу, Арсовска се разбудила од сон по три години и покрај барањата на Чаир да ја провери состојбата на терен кога станува збор за отпадот.
„Мило ми е што по три и пол години, г-ѓа Арсовска стапнува во Чаир како граѓанка на Градот Скопјe. Исто така, имам дописи за инспекторатот во општина Чаир и досега не сме добиле никаков одговор. Мило ми е што денес се разбуди по таа прес-конференција каде што гледате дека собирањето отпад, кабаст материјал, нефункционира, ние презедовме иницијатива да ги собереме, тие нè запреа, нè повикаа на соработка следниот ден и се разговараше на висок тон таму каде што нашите инспектори беа избркани од Градот Скопјe“, рече Ганиу.
Отпадот веќе подолго време е проблем на скопјани, во сите скопски општини.
Авни Тахири