ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло со температури до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Advertisements

Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степен, а максималната ќе достигне 30 степени.

Времето за време на викендот, како и во понеделник, ќе биде под влијание на влажен бран, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час.

Од вторник се очекува стабилизација на времето и пораст на дневната температура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button