
Лука Модриќ си заминува од Реал Мадрид, а веќе има отворена понуда да дојде во МЛС-лигата, во еден од најдобрите моментални проекти.
Интер Мајами на Дејвид Бекам тргна во лов на Хрватот! Уште во април се пишуваше дека Модриќ може да му се приклучи на Лионел Меси како лидер во екипата, но сега тие гласини се засилија и на големо се пишува за трансфер на хрватскиот репрезентативец во САД.
Се очекува Модриќ во Интер Мајами да дојде како слободен, по истекот на договорот со Реал Мадрид на 30 јуни. Од страна на раководството ќе добие едногодишен договор, за кој веќе се познати и условите.
Капитенот на Хрватска во МЛС-лигата ќе игра за 2,5 милиони долари во една сезона.