
На стадионот во Кавадарци ќе се води нова бараж битка во македонскиот фудбал, за последниот билет за Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се борат Беса и Башкими.
Беса ќе го брани прволигашкиот статус, а Башкими ќе се обиде да го пресели противникот во понизок ранг за тие да влезат во нашата најдобра лига.
Според квалитетот на играчкиот кадар, Беса е фаворит во овој меч, тие имаат прволигашки тим и на хартија се поблиску до остварување на целта. Но, мотивацијата и желбата на Башкими за успех во овој дуел е голема, па ќе направат се за да се качат скалило погоре во македонскиот фудбал.