ВЕСТИМЕТРОПОЛ

„Шега помеѓу сопружниците“ – Елисејската палата ја објаснува шлаканицата што ја доби Макрон од сопругата

Неочекувана сцена беше случајно регистрирана со камера за време на пристигнувањето на Емануел и Брижит Макрон на аеродромот во Ханој, Виетнам, како дел од нивната турнеја низ Азија.

Advertisements

Во моментот кога вратата од авионот се отвори, раката на Брижит го „удри“ лицето на францускиот претседател.

Макрон за момент изгледаше изненаден, но веднаш се смири и продолжи со поздравите според протоколот.

Потоа претседателскиот пар се спушти по скалите од авионот, каде што претседателот, како и обично, ѝ подаде рака на сопругата, пишува „Сан“.

Но, Брижит одби, спуштајќи се самата надолу.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Првично, Елисејската палата ја негираше автентичноста на снимката, но соочена со медиумското известување, го промени својот став.

Близок советник на претседателот го опиша инцидентот како „последен момент на релаксација меѓу двојката“, пред почетокот на официјалиот дел посетата.

Според истото, негативните коментари доаѓаат главно од кругови блиски до Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button