
Откако од првата лига се откажаа Воска и Гостивар, кои заедно со Беса нема да играат во вторлигашката конкуренција, се ослободија три места кои ќе бидат пополнети со оние кои не успеаја да ги минат баражите.
Поразени во баражите беа Осогово, Преспа и Големо Коњари, а се очекуваше со ждрепка да биде одредено кои две екипи ќе бидат во Втора лига за да ги пополнат местата кои ги ослободија Воска и Гостивар. Но, откажувањето на Беса значи дека ќе нема ждрепка, па сите три поразени ќе бидат второлигаши.
Екипи кои ќе играат во Втората лига во сезоната 2025/26: Брегалница, Беласица, Победа, Детонит, Охрид, Саса, Кожуф, Скопје, Новаци, Вардар Неготино, Слога Виница, Тетекс, Шкендија Арачиново, Осогово, Големо Коњари, Преспа.
Во меѓувреме ФФМ донесе одлука за намалување на лигата од сезоната 2026/27 од 16 на 14 екипи, што дефинитивно ќе донесе и голема борба за опстанок наредната сезона.