ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Advertisements

Сослушувањата, како што се наведува во информацијата од обвинителството, се одвиваат согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата „Support Kocani“.

На 24 мај обвинителството објави дека законските застапници на починатите преку исказите дадени пред јавен обвинител ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.

Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

Во изминатите два дена во соработка со волонтерите од „Support Kocani”, обвинителството ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.

Како што тогаш беше најавено, сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од денеска до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.

Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button