Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис Рокас денеска во Велес, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на пораките кои високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност ги упати за време на посетата на Скопје, во врска со механизмите кои ги има на располагање Брисел за деблокирање на евроинтеграциите на државата.
-Единствената работа, која можам да ја кажам во оваа фаза всушност е само да го повторам тоа што високата претставничка на ЕУ, Каја Калас го кажа, а тоа е дека Северна Македонија и нејзината иднина припаѓаат во ЕУ и сите ние работиме напорно со цел да може да се постигне таа цел, за да може да се деблокира ситуацијата, изјави Калас.
Рокас не сакаше да ја коментира изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на тоа дека Австрија е подготвена на разговори со нас за изнаоѓање креативно решение со Бугарија.