МАКЕДОНИЈА

Села: Европскиот фронт внимателно да ги следи потезите на Таравари

Можната соработка на Арбен Таравари со Европскиот фронт веќе предизвикува незадоволство во редовите на фронтот. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, не гледа со оптимизам на актуелните изјави на Таравари, противникот кој пред една година го подели движењето. Според Села, политиката бара јасни ставови и јавна позиција и ако Таравари мисли дека може да соработува со сите, треба да биде јасен што дава за возврат.

Advertisements

„Неговите потези секако треба внимателно да се следат од Европскиот фронт, затоа што политиката бара став. Ставот треба да биде јавно искажан. За мене, тоа не е став ако велиме: ќе видиме што ќе ни донесат локалните избори. Не може да биде став ‘ќе соработувам со сите’, односно ‘ќе земам од сите’. А, што дава за возврат? Апсолутно ништо!“, вели Села.

Во врска со гласините во јавноста дека, доколку се нарушат црвените линии, Села би можел да го напушти фронтот и дури да влезе во владата, тој изјави:

„Не сум имал средба со господинот Мицкоски, а кога ќе има – тоа ќе биде јавно. Не велам дека немало обиди за таква средба. Јас само го пренесов ставот што го имам како политичар. Според мене, треба да изградиме политички стандарди, а стандард во политиката треба да биде вистината, а не лагата иако денес така не функционира политичката сцена, особено во Македонија и во регионот“, додава Села.

И покрај повеќе средби меѓу Таравари и Ахмети, засега нема конкретна поделба на политички позиции. Во јавноста се шпекулира дека Таравари добил ветување за шест општини, при што се разгледува можноста Струга да му припадне нему, а Гостивар да се врати под контрола на ДУИ. Во таков расплет, Алијансата на Села би останала само со општина Арачиново. Прашањето што сега се наметнува е: дали е реална можноста за обединета Алијанса, кога токму Села претходно бараше јавна извинување и оставка од Таравари.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button