ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата на 25 кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ вечерва на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати за градоначалници на престојните избори. Најголемиот број од нив се веќе постоечките градоначалници, кои според партијата, направиле вистинска трансформација во нивните општини.
Во продолжение кандидатите за градоначалници:
Аеродром – Дејан Митески
Бутел – Дарко Костовски
Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
Чучер Сандево – Зоран Бајовски
Штип – Иван Јорданов
Велес – Марко Колев
Свети Николе – Дејан Владев
Карбинци – Виктор Паунов
Градско – Киро Нацков
Кавадарци – Митко Јанчев
Гевгелија – Андон Сарамандов
Зелениково – Коста Маневски
Илинден – Александар Ѓоргиевски
Конче – Златко Ристов
Делчево – Иван Гоцевски
Ново Село – Ѓорге Божинов
Василево – Славе Андонов
Босилово – Ристо Манчев
Берово – Петар Ружински
Петровец – Борче Митевски
Битола – Тони Коњановски
Охрид – Кирил Пецаков
Вевчани – Спасе Кочовски
Брвеница – Јовица Илиевски
Јегуновце – Димитар Костадиновски
Се уште нема издефинирано име за градоначалник на Скопје, иако од партијата потврдија дека во игра се оние кои цело време се споменуваа: Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода и актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински.