СВЕТ

Песков: Барањето на Украина Русија веднаш да достави нацрт-меморандум е неконструктивно

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека барањето на Украина Русија веднаш да го достави својот нацрт-меморандум за решавање на конфликтот е „неконструктивно“.

Advertisements

„Русија всушност предложи да се сретнеме во Истанбул во понеделник и да почнеме да разговараме за овие проекти. Затоа, барањето за итна акција не е конструктивно“, рече портпаролот на Кремљ.

Според него, Москва сè уште не добила одговор од Киев на предлогот состанокот да се одржи во Истанбул на 2 јуни, пренесува РИА Новости.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button