ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алиу: Постапката на Таравари изненадувачка и загрижувачка

Азир Алиу од Алијансата за Албанците, кој е дел од групата што не ја напушти Владата, во интервју за Алсат зборуваше за околностите што го натерале Арбен Таравари да излезе од Владата. Во врска со средбата на Таравари со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, што во јавноста беше коментирана како случајна, сепак според Азир Алиу, во политиката нема случајности, туку претходна подготовка за приближување кон ДУИ.

Advertisements

„Слушајте, во политиката нема случајности. Значи, јас сум убеден дека тоа било дел од една нарација, подготовка за тоа што подоцна се случи, бидејќи во тој период сè уште немавме информации каде одиме и што се случува. Верувам дека тоа беше еден чекор напред за да се подготвиме, да не бидеме премногу шокирани од тоа што потоа ни дојде како информација и како процес кој сите нè вознемири“, вели Алиу.

Алиу истакнува дека со одлуката на Таравари, освен нив, биле изненадени и загрижени и меѓународните фактори.

„Политичката елита во земјата и надвор едноставно се изненадени. И ова префрлување од една страна на друга го забележале многу… се многу загрижени и очекуваа од нас да им дадеме информации. Но, за жал, ние немавме информации што се случило. Истото нè праша и премиерот Курти – како стигнавте до тука и што се случи, едноставно – немаме информација. Тоа е сè што можеме да кажеме. Она што го слушнавме е само аритметика на бројките од локалните избори – дека ќе имаме шест општини и потоа ќе бидеме прва партија“, додава Алиу.

Алиу, кого коалицијата ВЛЕН го предложи за министер за здравство – функција што до вчера ја извршуваше Арбен Таравари – истакна дека е свесен за тежината на ресорот, но ќе работи на надминување на предизвиците.

„Многу сум свесен дека тоа е многу сензитивен ресор. Многу сум свесен дека има многу отворени и незавршени процеси. Исто така, многу сум свесен дека таму треба да се започне можеби со процеси што Европската Унија и развиените држави веќе ги имаат завршено. Секако, ќе бидам на чело на тие процеси и ќе бидам отпорен кон сè што би било на штета на институцијата што ќе ја претставувам“, вели Алиу.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button