ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Паѓаат критериумите, наместо сертификат, кандидатите за директори ќе поминат само со потврда за англиски

Преку различни комисии во Собранието, Владата започна со правење на законски усогласувања со кои идните директори на институциите повеќе нема задолжително да поседуваат сертификат за познавање на англискиот јазик. Вакви усогласувања денес беа направени во секторот за култура и животна средина.

Advertisements

Во досегашната пракса, воспоставена токму од ВМРО-ДПМНЕ во времето на премиерот Никола Груевски, секој кандидат за директор во различни институции беше должен да приложи сертификат за познавање на англиски, германски или француски јазик. Со законските измени, сега ќе биде доволно само потврда. Овие измени се остро критикувани од опозицијата и јавноста. Истите, според нив, нема да го подобрат туку ќе го влошат системот, вели Оливер Спасовски од СДСМ.

Законските измени беа иницирани по случајот со директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, кој беше обвинет дека приложил фалсификуван TOEFL сертификат од неактивна бугарска компанија, случај што веќе над три месеци е предмет на истрага. Оваа пракса веќе се применува и во предлог-законот за инспекциски надзор. Според експертите, со овие измени се нарушува системот на меритократија и се отвора простор за партиски, наместо стручни кадри да раководат со важни позиции. Тоа води до намалување на довербата и интегритетот на државните органи.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button