ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција бара повлекување на предлог-законот за локална самоуправа

Албанската опозиција продолжува да се спротивставува на измените на Законот за локална самоуправа, кои беа предмет на расправа на синоќешната пленарна седница, но не беа ставени на гласање. На пратенички прашања, Илире Даути од Алијанса за Албанците го праша премиерот зошто се прави обид дијаспората или лицата регистрирани како нерезиденти да се исклучат од правото на политичко претставување, вработување и буџетски средства. Таа се сомнева дека целта е тие целосно да се избришат и од избирачките списоци.

Advertisements

„Јас и понатаму инсистирам дека таа одлука на Владата е крајно тенденциозна, дискриминаторска, измамничка и исклучувачка. Никој нема право на овој начин да се однесува кон дијаспората која економски го поддржува нашиот државен систем. Затоа сметам дека предлог-законот треба веднаш да се повлече од процедура, а владината одлука, донесена на овој начин, да биде поништена, бидејќи ја крши Уставот, кој не го признава поимот „нерезидент“, рече Даути.

Премиерот со конкретна понуда до албанската опозиција – да се спроведат измени во Изборниот законик со кои Македонија би станала една изборна единица.

Инаку, предлог-законот за локална самоуправа спаѓа во законите за кои е потребно т.н. Бадинтерово мнозинство, па за негово усвојување ќе треба да се чека, бидејќи моментално парламентарното мнозинство не го поседува. Тоа е и причината поради која синоќа беше дебатирано, но не се гласаше.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button