ВЕСТИСВЕТ

Макрон: Признавањето на Палестина е морална должност и политичко барање

Признавањето на палестинската држава е не само морална должност, туку и политичко барање, изјави францускиот претседател Емануел Макрон наведувајќи неколку услови за преземање на чекорот, пред конференцијата на ОН на таа тема на која ќе присуствува на 18 јуни.

Advertisements

На прес-конференција во Сингапур, тој исто така потврди дека Европа мора да го заостри својот колективен став против Израел доколку во наредните часови и денови нема одговор соодветен на хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Во тој случај, Европската Унија ќе мора да ги примени своите правила, односно да ги запре процесите што претпоставуваат почитување на човековите права, што не е случај денес, и да примени санкции, рече тој, осврнувајќи се на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ, заедницата од 27 члена и Израел, кој треба да се ревидира.

„И затоа – да, мора да го заостриме нашиот став бидејќи тоа сега е неопходност, но сепак се надевам дека израелската влада ќе го промени својот став и дека конечно ќе добиеме хуманитарен одговор“, додаде тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button