
Барселона е подготвена да се раздели со својот прв голман и капитен Марк-Андре Тер Штеген, што би било крајно изненадувачка одлука.
Ова наводно го соопштил претседателот Жоан Лапорта на своите најблиски соработници, а го пренесе „Ас“. До евентуална разделба би можела да дојде доколку голманот на Еспањол, Жоан Гарсија го комплетира трансферот во таборот на градскиот ривал.
Чуварот на мрежата има откупна клаузула од 25 милиони евра, и се сметаше за сигурно ново засилување на Барселона, а вчера се појавија информации дека договорот е веќе склучен.
Сепак, се појави проблем кога Гарсија наводно побарал да биде прв голман, односно нема намера да седи на клупата. Токму затоа Барселона прифаќа да се раздели од Тер Штеген, за да го овозможи ова барање на Гарсија.