СПОРТФУДБАЛ

Енис Барди пред трансфер во Самсунспор?!

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди летово сосема извесно ја напушта екипата на Бодрумспор по испаѓањето во Втората турска лига. Според последните информации, Самсунспор е најблиску до потписот на Енис Барди! Самсунспор изминатава сезона ја заврши на третата позиција во Суперлигата на Турција, веднаш зад Галатасарај и Фенербахче, а пред екипата на Бешикташ.

Advertisements

Желбата на Самсунспор е во Енис Барди да добие засилување за настапите во Лигата на Европа ова лето, и обидот да дојде до групната фаза на европското натпреварување. Претходно, како што е познато, Барди во Турција настапуваше и во екипата на Трабзонспор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button