ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Во 7 часот утрово најниска температура од -12 степени е измерена во Берово, а  утринските температури се под нула во целата држава:  -9 во Крива Паланка, -7 во Маврово, -5 во Скопје – Петровец, -4 степени во Претор, Демир Капија, Штип, Виница, Струмица, Гевгелија, Крушево и Куманово, -3 во Тетово, Прилеп и  Скопје – Зајчев Рид, -2 во Битола и -1 степен во Охрид и Дојран.

Advertisements

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, највисока снежна покривка од 31 сантиметар во 7 часот е измерена на  Попова Шапка, 24 сантиметри во Лазарополе, 17 во Маврови Анови, 8 во Крива Паланка, 7 во Ѓуриште, 5 см во Пожаране и 2 см во Крушево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button