ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил во дрво

Лишен од слобода возач во Пробиштип, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил во дрво

Во Пробиштип синоќа во 23.55 часот полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода М.К.(64) од Пробиштип.

Advertisements

Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, соопшти денеска МВР, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button