ВЕСТИРЕГИОН

Нов контингент вакцини пристигна во Белград, српски институт се подготвува за производство на „Спутник V“

Авион со 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ денеска слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а бил пречекан од министерот за иновации, Ненад Поповиќ.

Advertisements

Поповиќ за РТС изјавил дека во земјата пристигнале 20 000 дози на првата и исто токлу од втората компонента од вакцината. Тој појаснил дека вакцините се доставуваат во специјални контејнери тешки близу 200 килограми, на температура од минус 20 степени, којашто постојано се контролира.

„На 11 февруари очекуваме пристигнување на руски експерти за производство кои заедно со нашите експерти во институтот „Торлак“ ќе ги увидат можностите за што поскоро започнување на производство на оваа вакцина во Србија“, објавил Поповиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button