Само еден претставник на Министерството за образование по професија архитект го посети училиштето во Нерово
Само еден претставник на Министерството за образование по професија архитект го посети училиштето во Нерово

Само еден претставник на Министерството за образование по професија архитект го сочинуваше тимот на ова министерство кој во текот на денот престојуваше во селото Нерово во Крушево за внимателно да ја разгледа состојбата на двете училишни згради. Дашмир Јусуфи од Советот на родители за легализацијата на новата училишна зграда, за Алсат изјави дека експертот од МОН го фотографирал и анализирал секој агол од новиот објект, додавајќи дека претставникот на МОН го информирале и за состојбата на постојното училиште, кое според Јусуфи, е речиси пред рушење.
„Многу е јасно дека старата зграда воопшто не ги исполнува условите, кое е изградено само со камен и кал. Од друга страна, без објект каде што имаме повеќе од илјада квадратни метри површина, тој не остави простор во новиот објект без да види, и ги објаснивме работите за кои се планирани, бидејќи во новиот објект има планирани канцеларии, училници, кабинети, четири тоалети внатре во објектот, а не како кај стариот објект кој ги има надвор и во катастрофална состојба. Рече дека се е во ред, влезовите како сме ги оставиле, да има два влеза, излези за вонредни ситуации“, рече Дашмир Јусуфи, Совет на родители.
Претходно министерката за образование Весна Јаневска рече дека дури по приемот на извештајот ќе се одлучи на кој начин ќе се бара решение за овој случај. Дури и Јаневска беше изненадена што постојното училиште е изградено без дозвола и од самите жители. Сепак, Јаневска не ветува дека ќе го легализира новиот објект, тоа може да се случи само ако се исполнат сите законски процедури.
Жителите на село Нерово остануваат на ставот дека нема да се откажат од легализацијата на новата училишна зграда изградена со нивни средства, без разлика на начинот на решавање. Постоечкото училиште „Никола Карев“ во кое учат над 120 ученици е изградено во 1950 година, исто така од самите жители. Според жителите, во текот на 75 години училиштето го одржувале самите жители и никогаш надлежните институции не ставиле ни клинец./Алсат.мк
Мелихате Рустеми