ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско Доброшане почина откако удрил во бетонски столб
Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско Доброшане почина откако удрил во бетонски столб

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата.
– Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.