
Искусниот НБА кошаркар, Кевин Дурант, завршува со својот престој во Феникс Санс и наскоро ќе премине во друга франшиза од најсилната светска лига.
Американските медиуми пишуваат дека најблизу до неговиот потпис во моментов е Сан Антонио Спарс, кој се обидува да изгради силен тим за следните сезони, а со доведувањето на Дурант би добиле на искуство и лидерство во колективот.
Се шпекулира дека самиот кошаркар побарал трејд во Сан Антонио, каде би можел да сочини исклучително силен тандем со французинот Виктор Вембањама.
Дурант важи за еден од најдобрите играчи и шутери во лигата, а минатата сезона бележеше просек од 26,6 поени, шест скокови и 4,2 асистенции по натпревар. Во кариерата настапуваше за Оклахома, Голден Стејт и Бруклин.