ВЕСТИСВЕТ

Меѓународниот кривичен суд на удар на САД, воведени санкции за четворица судии

Меѓународниот кривичен суд на удар на САД, воведени санкции за четворица судии

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС), како одговор на истрагите за можни воени злосторства извршени од американски сили во Авганистан и поради налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Advertisements

Санкциите се однесуваат на Соломи Балунги Боса од Уганда, Лус дел Кармен Ибанес Каранса од Перу, Рејне Аделаида Софи Алапини Гансу од Бенин и Бети Холер од Словенија, се наведува во соопштението на државниот секретар Марко Рубио.

– Овие четири лица, како судии на МКС, активно учествуваа во нелегални и неосновани постапки против САД и нашиот сојузник Израел. МКС е политизиран и лажно тврди дека има неограничена надлежност да истражува, обвинува и гони граѓани на САД и на сојузничките земји, рече Рубио.

Меѓународниот кривичен суд возврати дека санкциите претставуваат обид за поткопување на неговата независност. „МКС целосно стои зад својот персонал и ќе продолжи со својата работа“, се наведува во реакцијата на Судот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button