Илјадници граѓани ја напуштија држвата на продолжен викенд
Илјадници граѓани ја напуштија држвата на продолжен викенд

Градот е празен – Бајрам и Задушница годинава се во ист ден, па многумина ова го искористија за продолжен викенд надвор од државава.
Од синоќа на граничните премини има големи гужви, граѓаните го искористија продолжениот викенд и масовно ја напуштаат земјата. Според податоците од 10 часот синоќа до 10 часот наутро во Грција заминале 11 495 македонски грѓани. Додека во Косово заминале 3631 граѓанин.
„На граничниот премин Богородица од вчера (05.06.2025) од 10.00 часот до денеска (06.06.2025) до 10.00 часот влез во државата оствариле 1862 државјани а излез оствариле 11495 државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 4644 а 7526 ја напуштиле нашата држава. На граничниот премин Блаце од вчера (05.06.2025) од 10.00 часот до денеска (06.06.2025) до 10.00 часот влез во државата оствариле 2538 државјани а излез 3631 .Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 8264 а ја напуштиле нашата држава 4387“, велат од Министерство за внатрешни работи.
Граѓаните од муслиманската вероисповед велат дека празникот Курбан Бајрам ќе го поминат со семејствата, христијаните пак велат дека ги посетиле вечните почивалишта на нивните блиски.
Анкета Граѓани
„Денешниов Бајрам е многу значаен празник, денешниот празник Курбан Бајрам е кога ја колеме стоката, потоа одиме дда ги посетиме нашите роднини и завршуваме со софра.“
„Празников Бајрам падна во исти ден, така да се споделуваме, да е за арно и убаво и вака да продолжи понатака.“
„Одиме на гости, доаѓаат гости пречекуваме и така со баклава и благи работи.“ 0086
„Задушница, одиме на гробишта.“
Во Македонија има 12 државни и 16 верски празници, што ја прави држава со најмногу празници и неработни денови во регионот./Алсат.мк
Ангел Димовски