ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија останува увозно зависна од земјоделски производи

Изгор скапо овошје ќе јадат оваа пролет и лето македонските граѓани. Добар дел од овошните култури, кои се одгледуваат и кај нас на пазарот се продаваат по енормно високи цени. Кајсиите и по 300 денари, цреши 400 денари, праски и до 200 денари. Од Министерството за земјоделство велат дека за ваквата состојба ќе треба да се разговара, бидејки производствената цена ја определува производителот.

Advertisements

„Но тие цени неможат да се разликуваат премногу од еден до друг производител. Затоа ќе треба да воспоставиме некоја позитивна пракса и стратегија на начин на регулирање на овие цени, како што минатата година се направи методологија за утврдување на цената на произведено винско грозје, која беше зголемена за одреден процент, и на тој начин се формираше генерална национална цена, кај сите откупувачи на грозје. И можеби овој пример треба да се следи и кај останатите и на тој начин ќе може да утврдиме една цена која ќе биде прифатлива и за производителите и за потрошувачите“, рече Борче Серафимовски- Државен декретар во Министерство за земјоделство.

Дополнителен проблем е што Македонија останува сериозно увозно зависна од земјоделски производи. Алартмантни се податоците дека дури 70% од доматите, пиперките, краставиците, и понатаму доаѓаат од Албанија, Грција, Турција. Климатските промени велат експертите се само една од причините за тоа и оти Македонија има посериозни структурни проблеми, кои треба да бидат решени, за да се подобри земјоделското производство.

„Тоа се системски грешки направени уште во 90-те години.Самиот сектор не е атрактивен за млади луѓе, профитната маржа, односно обезбедување на основна живеачка е дискубатилна. Имаме голем процес на иселување, стареењето на руралната популација, имаме напуштање на селата“, рече Бобан Илиќ-постојан секретар на работна група за регионален рурален развој.

„Прво сме силно расцепкани, тоа значи дека нашата просечна фарма е 2 хектара, што е премалку да живееш од нејзе. Не е тоа економски профитабилно стопанство, освен ако не работиш со некои скапи култури. Вториот проблем е возраста. 2016 година возраста на просечниот македонски земјоделец беше 56 години, од тогаш има 10 години, а многу малку влегуваат во секторот.И сега нашиот просечен земјоделец е постар од 60 години“, рече Јордан Чукалиев-професор на Факултетот за земјоделски науки и храна .

Најголем дел од 180.000 земјоделски стопанства колку што се регистрирани во Македонија, не се земјоделски вели Чукалиев, според кого реално во земјава има околу 70.000 земјоделци. На тема „Обезбедување иднина за нашите земјоделци и храна во Југоисточна Европа“, во Охрид се дебатира на Форумот за земјоделска политика./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button