ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Наместо решенија, 130 медицински сестри на Тетовската клиника добија шестмесечни договори

Медицинските сестри во Тетово изразуваат разочарување од Министерството за здравство и Владата. Тие чекаа работни решенија, но наместо тоа, повторно добија договори, со рок до декември. Повторно им беше ветено дека ќе ги исплатат преостанатите плати, но тоа не се случи.

Advertisements

„Сега чекаме. Директорот нè информираше дека ќе ни бидат платени, но проблем сè уште останува прашањето со решенијата за кои нема информации. Директорот рече дека тој не донесува одлуки, па ни рече да се обратиме до министерството. Чекаме да биде избран министерот, па потоа можеме да се сретнеме со него за правата што ни следуваат“, рече, Флутура Ислами, медицинска сестра.

„Ќе продолжиме со мораториумот на протести сè додека не се избере новиот министер, а потоа ќе видиме како ќе продолжиме понатаму“, изјави Фјола Алија, медицинска сестра.

И директорот на Клиничката болница во Тетово, исто така, изјави дека откако новиот министер ќе ја преземе функцијата, ќе инсистира нивниот статус да се реши со трајни работни решенија.

„Нормално дека ќе продолжиме да бараме. Ова не може да продолжи вака бидејќи намерата на новата Влада е да ги систематизира овие луѓе. Се надеваме дека ќе имаме разбирање со следниот министер за регулирање на овој статус“, вели Агим Бериша, директор на Клиничката болница во Тетово.

Над 130 медицински сестри и технички персонал од Тетовската клиничка болница веќе една недела протестираат поради неисплата на плати и нерешавање на нивниот работен статус. Тие денес изјавија дека доколку нема решавање на нивниот статус, ќе ги продолжат протестите во Скопје пред Министерството за здравство.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button