ВЕСТИСВЕТ

(Видео) Пукање во училиште во Грац, има загинати

Грац, Австрија, моментално е под опсада по пукање во училиште, јавуваат светските агенции.

Advertisements

Локалните медиуми јавуваат дека има најмалку 8 загинати.

„Кронен цајтунг“ известува дека сторителот бил ученик во училиштето и наводно се сметал себеси за жртва на насилство од врсници.

Меѓу жртвите наводно има и наставници и ученици.

„Кронен цајтунг“ исто така известува дека бројот на повредени е двоцифрен.

Австриската станица ORF објави дека е во тек голема полициска операција.

Портпаролот на полицијата, Фриц Грундниг, изјави за ORF дека може да има жртви, додека ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button