ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинителството. На изминатото рочиште обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. По завршните зборови на обвинителството, завршен збор треба да даде и одбраната за случајот.

Advertisements

Меѓу доказите од постапката кои обвинителката Трајковска ги образложи во завршниот збор на минатото рочиште, таа посочи дека од камерите на Сејф сити неспорно произлегло дека обвинетите се движеле заедно на критичните денови за да ги извршат кривичните дела.

Како што истакна тогаш, насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото. Таа посочи дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“ и сподели дека мотивирани од ветени високи парични суми обвинетите создале „филмско сценарио, морбиден план“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button