
Првакот на Македонија, Шкендија од Тетово, задржа уште еден важен фудбалер за следната сезона. Клубот под Шара објави дека постигнал е договор за продолжување на соработката со дефанзивецот Клисман Цаке.
23-годишниот централен бек во таборот на актуелниот првак пристигна пред две сезони од Струга Трим Љум. Албанецот важеше за еден од подобрите играчи меѓу стружани, па заслужено доби трансфер.
Цаке минатата сезона беше меѓу најдобрите дефанзивци во ПМФЛ и беше прогласен за фудбалер на годината во Шкендија. Во македонскиот фудбал пристигна од Тирана. Првакот го продолжи договорот и со Ќака, а ги донесе Мурати и Фетаи.