
Раководството на Ракометната Федерација на Македонија планира да воведе значајна промена околу системот на натпреварување од наредната сезона, поврзано со пренесувањето на бодовите од Супер-лигата во плејоф и во плејаут натпреварувањето
Според предлогот на РФМ, што се очекува да биде прифатен од клубовите следната седмица, со што ќе стане валиден веднаш од сезоната 2025/26, веќе нема да има вакво пренесување, туку сите тимови во плејофот и во плејаутот ќе го пренесат вкупниот број на бодови што го собрале во регуларниот дел од Супер-лигата.
Со тоа, се штити тимот што евентуално би доминирал во првиот дел од сезоната, да не влезе во плејофот со само еден бод предност во однос на ривалите.