Мицкоски: Пендаровски се фалеше дека го преговарал Францускиот предлог

Бујар Османи како екс министер за надворешни работи има само дел од одговорноста за усвојување на Францускиот предлог, којшто го отежнува патот кон ЕУ, рече во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат премиерот Христијан Мицкоски.
Како што додаде тој, одговорност за предлогот што не е во интерес на сите граѓани на Македонија, имаат и Ковачевски, Маричиќ и поранешниот шеф на државата, Стево Пендаровски.
„Во една изјава рече дека тој е човекот кој го преговарал Францускиот предлог, барем така тој се пофали лично, на една емисија, на еден национален медиум. Иако претходно тврдеше дека ништо не знаел, дека не доаѓа во предвид дополнителни отстапки, промена на Устав не е предмет на разговори, за неколку недели подоцна, истиот тој, Стево Пендаровски, тоа го кажа“, рече Мицкоски.