ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

„Потерницата е испратена, и сега треба државите кои што се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да, кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија АЛСАТ.

Advertisements

Мицкоски нагласи дека Груби кукавички избегал, но оти има и други лица кои се бегалци од правдата

„Сега ние како држава ќе се обидеме се што е во наша моќ овие бегалци од правдата да ги обезбедиме и да ги донесеме дома.“, дециден е Мицкоски.

На прашањето дали има некоја информација од земја каде би можело да се наоѓаат овие лица, премиерот Мицкоски рече дека има индиции за сите, додавајќи дека некои лица се во регионот, а некои подалеку.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button