
Светските лидери повикаа на воздржаност откако Израел го нападна Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека однапред знаел за плановите на Израел да го нападне Иран, велејќи дека САД ќе се бранат себеси и Израел доколку Техеран возврати.
Трамп изјави за Фокс њуз дека „Иран не може да има нуклеарна бомба“ и изрази надеж дека Вашингтон и Техеран наскоро ќе се вратат на преговарачката маса.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека „Израел презел еднострани дејствија против Иран“ и го предупреди Техеран да не „ги таргетира американските интереси или персонал“, објави Политико.