ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уписи во средните училишта- пријавувањето со проблеми

Уписи во средните училишта- пријавувањето со проблеми

За над 15 илјади ученици кои завршиле основно образование, од денеска започнува уписот во средните училишта, кој ќе трае до 17 јуни. Иако целиот процес на регистрација е онлајн и студентите не мора да чекаат редица за да го поднесат пријавниот лист, предизвик е веб-страницата задолжена за пополнување на пријавата.

Advertisements

„Еден проблем што го имаме е тоа што кога многу ученици се запишуваат во исто време, се случува целата веб-страница да падне, па во таа насока, тие портали треба да  инвестираат повеќе за да станат пософистицирани за овие ученици. Оваа година има околу 15 илјади нови ученици запишани во средните училишта, значи ќе треба да се внесат 15 илјади нови информации“, рече Берин Мухамед – Претседател на Унијата на средношколци.

 Според претседателот на Унијата на средношколци, Берин Мухамед, и оваа година се зголемува бројот на ученици кои се запишуваат во стручните средни училишта.

„Минатата година, од близу 15.500 ученици запишани во средни училишта, близу 13.000 запишани во стручни училишта, додека другите во општи гимназии, и ова го покажува интересот на учениците дека од мала возраст се способни да одлучат што сакаат да постигнат со својата кариера и да се фокусираат на одење во стручни училишта и оттаму да одат или на пазарот на трудот или на високото образование“, додадед – Берин Мухамед – Претседател на Унијата на средношколци.

Министерството за образование и наука ги потсетува учениците дека запишувањето на учениците во прва година во средните училишта е електронско и се реализира преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се идентификуваат со нивните лични кориснички сметки на schools.mk.

Првиот рок за пријавување ќе трае  до 17 јуни, додека вториот рок е 30 јуни. Конечните ранг-листи по двете пријави, училиштата ќе ги објават на 2 јули./Алсат.мк

Авни Тахири 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button