СВЕТ

Трагедија во луна парк во Шпанија, двегодишно дете загина, три итно пренесени во болница

Двегодишно девојче почина од електричен удар додека си играло на трамболина.

Advertisements

Несреќата се случила во шпанскиот град Алкериас, во општината Мурсија, на забавен парк на локалниот панаѓур, каде што деновиве се слави празникот на светецот-заштитник на градот.

Како што пренесуваат локалните портали, медицинските екипи еден час безуспешно се обидувале да го реанимираат. Покрај несреќното девојче, повредени се уште три деца, на возраст од 8, 11 и 12 години. Тие се пренесени на лекување во локална болница.

Се верува дека несреќата се случила кога децата ја допреле металната ограда на трамболината, а можно е да имало проблем со заземјувањето на електричната инсталација. Децата доживеале струен удар, кој за најмалото бил фатален, објавува порталот „Кватро“.

Цивилната гарда истражува дали имало некаква небрежност од страна на организаторите. Полицијата ги затворила трамболините и започната е истрага меѓу работниците за да се утврди дали електричната врска била исправна или имало дефект што довел до струен удар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button