ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц

При контрола на автобус на граничниот премин Деве Баир на влез во државата кај патничка од Косово пронајдена е поголема количина на златен накит. Во патна торба, во кутија завиткана во пластична ќеса царинските службеници открија златни монети, ланчиња, брош, огрлица, обетки и др.

Advertisements

Стоката е привремено задржана, а против  лицето е поднесена кривична пријава.

Царински службеници на граничниот премин Блаце при контрола на автомобил открија поголема количина на сребрен накит и накит од челик (бижутерија). Накитот е пронајден во патните торби на еден од патниците кои се превезувале во возило со бугарски регистарски таблички. Вредноста на накитот изнесува околу 186 илјади денари, а против сторителите е поднесена прекршочна пријава.

Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка.

Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 парчиња игли, мастила, и други алатки за тетовирање за коишто возачот не поседувал никаква документација. Стоката е откриена во четири пакети кои се наоѓале во кабината на возилото на горниот кревет за кои возачот изјавил дека не поседува увозна документација.

18 штеки цигари без акцизни маркички и 20 кутии тутун од по 30г и 50г, се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при рентген контрола на чекиран багаж на патник кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените кутии цигари се пронајдени кај македонски државјанин кој со себе носел само бугарски пасош. Непријавените цигари се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button