ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Собранието ја донесе Фискалната стратегија 2026-2030

Собранието денеска во рамки на 53. пленарна седница ја донесе Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, а заврши расправата за измените на Изборниот законик и дополнително ќе се гласа и за измените и дополнувањата на Законот за основното образование.
Фискалната стратегија ја образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој кажа дека документот ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.