ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Конфликтот меѓу Израел и Иран може да има влијание врз домашната економија

Конфликтот меѓу Израел и Иран може да има влијание врз домашната економија

Војната на Блискиот Исток помеѓу Израел и Иран може директно да влијае во домашните економии и  врз цената на нафтата, предупредуваат експерти. Со оглед на тоа што нафтата се тргува на глобалните берзи, секој потрес во регионот богат со нафта може да доведе до раст на цените на енергенсите на светските берзи. Едно оштетување на нафтено поле, една блокирана рута за транспорт, е доволно за глобално намалување на понудата — и автоматски, скок на цените, вели професорот по енергетика Димитар Димитров. Тој додава дека  растот на енергетските добра може да предизвика до инфлација.

Advertisements

„Зголемувањето е битен дел од економскиот сектор, а тоа се енергетските добра можат значително да влијаат  и врз зголемувањето на цените на сите продукти понатакат, поради тоа што системот е врзан едно со друго и може да настане верижна реакција и на тој начин да се зголемуваат цените, штом се зголемуваат цените на прозивдите тоа е еден од основите за појава или зголемување на инфлацијата“, рече Димитар Димитров – професор енергетика.

За да не зависиме од берзанските производи како што е нафтата, професорот Димитров, вели дека потребно е државата да направи свои енергетски извори и свои средства.

„Она што може Македонија да го направи е да вложува во она што го има а тоа е сончевата енергија, да се искористи хидропотенцијалот, да се подобри електро преносната и електро дистрибутивната структура, да се вложи во нови електроенергетски објекти кои што тие ќе можат подобро да се менаџираат и да имаме ние поефикасен и систем кои што нуди пониска цена и на електричната енергија и на останатите добра“, додаде Димитар Димитров – професор енергетика.

По стартот на војната помеѓу Израел и Иран, цените на нафтата го забележаа најголемиот скок во последните неколку години, тие пораснаа за повеќе од четири проценти во само еден ден./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button