ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата ги следи цените на прехранбените производи, комплетната анализа на ДПИ ќе биде готова наредната недела

Комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела, најави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој во Штип одговараше на новинарско прашање, дали веќе работат на мерки за да се намалат цените на прехранбените производи во супер маркетите.

Advertisements

Ристески истакна дека оваа Влада за разлика од некои претходни влади секогаш прави добри анализи пред да донесе некоја одлука и мерка, а како што рече, така ќе биде и овој пат.

-Ние ги следиме цените максимално преку Државниот пазарен инспекторат правиме анализи и доколку заклучиме дека има потреба да се донесе некоја одлука и мерка ќе го направиме во интерес на граѓаните за заштита на животниот стандард. Пред се на нас како Влада ни се интерес граѓаните и нивниот животен стандард, изјави Ристески.

Заменик министерот за економија и труд додаде дека врз основа на тековната анализа, која ја изготвува ДПИ има мало зголемување на цените, а најмногу на кафето и маслото, кои се берзански производи.

– Особено вратени се дел од цените на производите како што беше пред одлуката, којашто беше пред еден месец и повеќе, има мало покачување на одредени цени, има останато некои и на исто ниво. Но, имаме поголемо зголемување на цените на кафето и маслото, кои се берзански производи и зависат од светските берзи. Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела, рече Ристески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button