Се чека одлука на штипска апелација за судењето за ноќниот клуб во Кочани

Одлука се уште нема – и натаму се чека штипска апелација да даде одговор дали судот во Кочани со петмина судии исполнува услови да го оценува обвинението за пожарот во ноќниот клуб Пулс.
Штипска апелација треба најпрво да добие мислење од штипското вишо јавно обвинителство па потоа да оцени дали овој предмет ќе го води кочанскиот или ќе биде преселен во поголем суд. Претседателот на апелациониот суд во Штип, Тони Делев, вчера за Алсат рече дека барањето од Кочани е веќе доставено до вишото обвинителство и кога ќе го добијат мислењето оттаму, одлуката ќе биде донесена. Меѓутоа денеска ниту Делев ниту од вишото обвинителство во Штип не одговараат на нашите повици, а на официјалната страница на штипска апелација ја нема одлуката по барањето на судот во Кочани. Ако штипска апелација одлучи дека кочанскиот суд не ги исполнува условите постојат две опции – едната е судскиот совет да делегира судии во Кочани и обвинителниот акт сепак да се цени таму, а втората е да се пресели во поголем суд.
Според претседателот на судскиот совет Александар Камбовски теоретски е можна опцијата советот да назначи нови судии во Основниот суд во Кочани, но тој за Алсат објаснува дека и поради малите просторни капацитети подобро ќе биде овој предмет да се пресели во Кривичниот суд во Штип или во Скопје. Меѓутоа, одговор за сите овие работи во јавноста и се уште нема, иако претседателите на штипска Апелација, судски совет и Врховниот суд тврдат дека се во меѓусебна координација. . Истрагата на обвинителството заврши на 13 јуни, кога обвинителот Љупчо Коцевски ја извести јавноста дека првообвинети во случајот се сопственикот и менаџментот на ноќниот клуб „Пулс“.
Во трагедијата во која загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени обвинети се и поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, екс секретарката Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, петмина вработени во Министерството, тројца поранешни градоначалници на Кочани, а обвинение има и за четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Истрагата го опфати и директорот на агенцијата која го обезбедувала директорот и четворица вработени, а беше прекината за 13 лица, од кои еден во меѓувреме почина, а членот на групата ДНК, Владимир Блажевски и натаму е на лекување. За 11 лица обвинителството процени дека нема доволно докази.
Михаио Донев